Breaking News

Средба Ковачевски-Таравари: Тема политиките за исполнување на членството во ЕУ и партнерството со САД


Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во седиштето на партијата денеска имал средба со претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, на која, како што наведува на Фејсбук, разговарале за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД.


-Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД.


Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат, се наведува во објавата на Фејсбук на Ковачевски.

 Претходно денеска претседателот на Алијансата за Албанците, Таравари во куса изјава за МИА потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.


-Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран, рече Таравари. ев/ац/Фото: СДСМ .

Извор: МИА