Breaking News

Средба Коцевски – Вал


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска остварил средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје, со кого разговарал за аспектите на меѓусебната соработка, пред се опфатени со Меморандумот за разбирање за заеднички проектни активности на Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ.


Амбасадорот Вал, како што соопшти ЈОРСМ, му честитал на јавниот обвинител Коцевски за изборот на функцијата и најавил дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи со поддршката за обвинителството во сите клучни области.


-Двајцата ја анализираа имплементацијата на Протоколот за соработка со МВР кој беше потпишан со посредство на Мисијата на ОБСЕ, како и активностите за јакнење на транспарентноста на Јавното обвинителство кои што исто така се реализираат со нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Амбасадорот Вал изразил интерес за проценките околу ефектите предизвикани од последните измени на Кривичниот законик врз предметите за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба, како и за начинот на функционирање на истражните центри во обвинителствата.


дма/са/Фото: ЈОРСМ .

Извор: МИА