Breaking News

Средба Бала-Ахмети: Албанците никогаш не биле подобро и позастапени од денес


– Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој престојува во Тирана, остварил средба со албанскиот министер  за внатрешни раборти Таулант Бала, со кого разговарале за случувањата во Албанија, Северна Македонија и Косово оценувајќи при тоа дека „Албанците во регионот никогаш не биле подобро и позастапени од денес“.


За средбата во објава на Фејсбук Бала наведува дека  „секогаш е чест и задоволство да се разговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети“.


-Секогаш ми е чест и задоволство да разговарам со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Албанците во регионот никогаш не биле подобри и позастапени од денес, напиша Бала.

Според медиумите на социјалните мрежи за средбата објава има и Ахмети.


-Албанците во регионот никогаш не биле подобро и мора да работиме заедно и да се погрижиме Тирана, Приштина и Скопје брзо и безбедно да се движат кон Европската унија, напишал  Ахмети.

вт/ Фото: Бала ФБ  .


Извор: МИА