Според законите на Србија и прегласување по жалбите, до новата влада на Србија и на СНС може да се чека со месеци


РИК ги прогласи прелиминарните резултати од изборите во Србија со кои СНС победи на овие избори, а опозицијата преку демократски протести бара поништување на изборите, особено за град Белград.


Денеска истекува рокот од 72 часа на поднесување приговори до РИК за изборните нерегуларности, по што следи нов рок од 72 часа за изјаснување на комисијата за приговорите за можно прегласување на одделни бирачки места, по што, за случај на поништување на изборите следна инстанца е Уставниот суд, јави дописникот на МИА од Белград.


Ако се земат законските процедури во Србија, споредени со изборите пред неполни две години, РИК конечните резултатите ги објави дури три месеци подоцна.

Потоа, започнува рокот од 30 дена за конституирање на Народното собрание.


Рокот за формирање на Владата е 90 дена од денот на конституирањето на Народното собрание, по што Србија доби нова влада 6 месеци од одржување на изборите.

Се огласија и меѓународните набљудувачи, ОБСЕ, ОДИХР, Советот на Европа и други меѓународни институции и држави.


-Претседателот требаше да биде неутрална фигура во овие избори, оти на неговата партија и даде предност. Имаше низ други проблеми.

Непристрана покривеност во медиумите, не фер изборни услови, и наводни манипулации со гласовите.


Ова се сериозни проблеми со кои мора да се позабават институциите на оваа земја, тие мора да се истражат и на нив мора повторно да се посветите, изјави Стефан Сенах Шеф на делегацијата на Советот на Европа.

Меѓу посматрачите беше и социјалистот и демократ Андреас Шидер, кој беше член на мисијата на Европскиот парламент која ги набљудуваше изборите во Србија.

-Прво да бидам јасен, изборите не се во согласност со европските стандарди, ова е далеку од какви било стандарди. Сум набљудувал многу избори, тоа се далеку од стандардите на кои сме навикнати.

Оние кои имаат моќ и контрола врз овие избори, лошо работат и не работат во интерес на својата земја, рече Шидер.

Се огласија од Европската комисија со очекување дека „надлежните државни органи на Србија ќе реагираат на транспарентен начин на веродостојните извештаи за нерегуларности на изборите, кој вклучуваат и наводи за нерегуларности на изборите во Белград“.

САД ја повикаа Србија да работи со ОБСЕ и да одговори на тврдењата за изборни нерегуларности.

Од Германија, соопштија дека „настаните кои уследија по изборите се неприфатливи за земјата која е кандидат за членство во ЕУ“.

Спротивно на нив, Русија, Кина, Унгарија, Турција и Азебејџан му ја честитаа победата на Вучиќ.

Ако се земат законските прописи на Србија, прегласувањето по жалбите, како и демократскиот начин на протестите на опозицијата, како што самите најавија, ќе треба време, барем до пролетта идната година за да ја дознаеме новата Влада и во парламентот и на сите други нивоа, освен за претседателската функција.

об/ .

Извор: МИА