Breaking News

Спомен-собата на Киро Глигоров посетена од ученици, пензионери и граѓани


Ученици од основните училишта, граѓани и пензионери денеска ја посетија Спомен-собата на првиот претседател на независна Република Mакедонија Киро Глигоров.


Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ денеска имаше организирано отворен ден за посета на Спомен-собата по повод денот на раѓањето на Глигоров.


Кирил Панајотов, вработен во Општина Штип, вели дека граѓаните денеска имаа можност да се запознаат со лични документи, ретки предмети, фотографии од Глигоров и неговото семејство.

-Општина Штип денес на 3 мај го одбележува денот на раѓањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.


Вратите на спомен-собата во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ се отворени ширум за граѓаните и сите оние кои се заинтересирани да ја посетат и да чествуваме заеднички да се потсетиме на ликот и делото на претседателот Глигоров.

За оние кои не знаат, во оваа соба има ретки предмети, документи и фотографии и сѐ друго што Глигоров и семејството Глигорови го поседувале лично, вели Панајотов.


Освен групните посети од утринава задоволителна е и бројка на поединечни посети од страна на граѓаните. Спомен-собата на Киро Глигоров е отворена и секој работен ден, од понеделник до петок.

вдј/мд/Фото: МИА  Извор: МИА.