Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев во посета на Собранието


Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.


Како што информираат од собраниската прес-служба, Амербајев ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и со Арта Билали-Зендели, шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО).


фф/мд/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА