Breaking News

Спасувачите пристигнале на пет метри од работниците заробени во урнат тунел во Индија


Спасувачките тимови дојдоа на пет метри од 41 работник заробени од 12 ноември во сообраќајниот тунел што се урна во северна Индија, соопштија денеска тамошните власти.


Челична цевка доволно широка за да им овозможи на луѓето да минуваат достигна 52 метри во внатрешноста на тунелот и треба да се пробие на 57 метри.


-Спасувачката операција треба да заврши наскоро, соопштија властите на индиската сојузна држава Утаракханд.

Сите работници се живи и преку цевководот се снабдуваат со вода и сува храна, комуницираат преку воки-токи, а нивните загрижени семејства деноноќно ги чекаат пред самиот тунел.


Тунел долг 4,5 километри во изградба, на фреквентен пат што ги поврзува популарните верски и туристички дестинации, се урна на 12 ноември. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА