Breaking News

Спасовски не даде конкретен одговор дали ќе се кандидира на претстојните претседателски избори


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска не даде конкретен одговор дали планира да се кандидира на претстојните претседателски избори.


– Тоа е партиско прашање, а денеска сме овде во рамки на МВР. На партиски прашања, не можам да одговорам.


Ќе одговораме кога ќе дојде моментот, рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде што оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје.

мд/дма/Фото: МИА   .


Извор: МИА