Breaking News

Спасовски: Намалување за 10.6 % на вкупниот криминалитет во првите осум месеци од годинава 


Министерот Оливер Спасовски во гостување на ТВ21 на прашање за борбата со корупцијата ја потенцираше решеноста за справување со оваа појава.


„ Се ова што се случува е борба против корупцијата. Битката, ако деведесеттите години на таа генерација била да ја создадат независна и суверена Република Македонија, нашата битка е да ја однесеме во Европската Унија, меѓутоа и да се избориме со криминалот и корупцијата. Тоа е битката која што се очекува да биде завршена заради иднината на оваа држава и иднината на граѓаните. Во овој сегмент мора да бидат искористени сите механизми. Генерално мора да се води сметка да се применуваат антикорупциските политики внатре во институциите за тие да можат да имаат кредибилитет да можат да работат и да реагираат на коруптивни влијанија и надвор.”,рече Спасовски.


Министерот Спасовски образложи дека во последните неколку години министерството за внатрешни работи направи низа реформи, активности и правила коишто ќе значат спречување на коруптивните влијанија внатре во институцијата

„Јакнењето на внатрешната контрола, надворешниот механизам за контрола на полицијата, посебното одделение во Јавното обвнителство, воведувањето на боди камерите во сообраќајните оддели, боди камерите во граничната полиција, сето тоа се антикорупциски мерки за да бидат спречени ваквите активности и ако погледнете наназад ќе видите дека веќе имаме не само сериозно намалување, туку зголемена откривачка дејност во областа на корупцијата за 50% на ниво на државата со направени милионски штети. Секако дека тоа не е доволно, за тоа продолжуваме да работиме сериозно со сите општествени чинители, бидејќи и во делот на корупцијата е важно некој тоа да го пријави, да јакне јавната свест за пријавување на корупцијата.”, потенцира министерот Спасовски.


Извор: МИА