Breaking News

Спасовски ќе го посети Полицискиот центар „Ѓорче Петров“


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.


Спасовски ќе оствари состанок со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје за активностите во минатата година и за тоа како помина новогодишната ноќ, во рамки на „Безбеден град“.


По посетата, предвидена е изјава од министерот Спасовски пред спомен-собата на ЕБР- ПЦ Ѓорче Петров. мд/дма/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА