Breaking News

Спасовски и Вал ќе ја посетат единицата за службени кучиња во Хиподром


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, денеска ќе ја посетат Единицата за службени кучиња на МВР во Хиподром, каде ќе присуствуваат на свечено отворање на реконструираната административна зграда на Единицата К9.


Како што информираат од МВР, Спасовски и Вал ќе направат увид во градежните активности финансирани од ОБСЕ, за потребите на единицата за службени кучиња на полицијата, по што ќе биде изведена показна вежба.


фф/лв/Фото: Фејсбук на Оливер Спасовски .

Извор: МИА