Breaking News

Спасовски и Грковска во работна посета на ЕВР Гази Баба


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска ќе бидат во работна посета на Единицата за внатрешни работи Гази Баба.


 Како што соопшти владината прес-служба, Спасовски и Грковска ќе го посетат реконструираниот објект ЕВР Гази Баба, како една од капиталните инвестиции на подрачјето на СВР Скопје, а во рамки на посетата ќе се одржи и кус работен состанок со раководство на СВР Скопје и ЕВР Гази Баба.


дма/са/Фото:МИА архива  .

Извор: МИА