Breaking News

Спасовски: Честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство на сите граѓани


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на Архиерејска литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, од каде во име на Владата и МВР на сите граѓани им посака многу здравје, среќа и единство.


– На сите православни верници им посакувам честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство што е најмногу потребно, а на сите граѓани да посакам здравје, среќа и заеднички да празнуваме, заеднички да ја градиме Македонија со просперитет и напредок за секој, изјави Спасовски, по богослужбата на Архиепископот г. г. Стефан. Лепче со паричка за Бадник, посочи Спасовски е традиција во семејството. – Паричката се падна кај мајка ми, кратко рече Спасовски. ра/аа/Фото: МИА .


Извор: МИА