Breaking News

Советот за безбедност на ОН веројатно во вторник ќе гласа за барањето за хуманитарна помош и прекин на огнот во Газа, САД најавија вето


Советот за безбедност на Обединетите нации веројатно во вторник, 20 февруари, ќе гласа за предлогот на Алжир, Советот за безбедност на ОН да бара итна хуманитарна помош и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, но САД сигнализираа дека ќе стават вето.


Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека таквата резолуција може да ги загрози „чувствителните преговори“ чија цел е да се постигне договор за прекин на огнот.


„САД не поддржуваат акција за оваа нацрт-резолуција. Дури и да се гласа за предлогот за оваа резолуција, таа нема да биде усвоена“, се вели во денешната изјава на Томас-Гринфилд.

Во соопштението се нагласува дека клучно е сите страни да обезбедат најдобри шанси за успех на овој процес, а не да наметнуваат мерки кои го доведуваат во опасност.


За да биде усвоена резолуција во Советот за безбедност на ОН, потребно е најмалку девет членки да гласаат „за“, но само под услов ниту една од постојаните членки да не стави вето.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА