Breaking News

Советот на странски инвеститори ќе презентира наоди од анкета за инвестициите


Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе презентира резултати од анкета за странските директни инвестиции во земјава – актуелните состојби, ограничувачките фактори, идните трендови и очекувањата на компаниите со странски капитал за наредниот период.


 Наодите од анкетата,  пред претставници на компании членки, странски амбасади во земјава и медиумите, ќе ги претстави Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори на прес-конференција на тема „Бизнис и инвестициски индикатор 2023“.


лв/фото: МИА архива  .

Извор: МИА