Breaking News

Советот на јавни обвинители да се извини за навредите кон КСЗД и да преземе мерки за превенција од родова дискриминација во институцијата


Мрежата за заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост и остро реагира бидејќи на седницата, од страна на членовите на СЈОРСМ биле изнесени крајно деградирачки и навредливи ставови и мислења за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.


Особено од страна на некои членови кои кажале дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е „квази орган, во кој нема правници, дека давала само препораки, а нивните мислења се неважни“.


Дополнително, било истакнато дека мислењето на КСЗД нема да биде земено предвид и дека тоа ќе биде оспорено пред Управниот суд. .

Извор: МИА