Breaking News

Состанок за подобрување на регулативата за спроведување дисциплински постапки во Јавното обвинителство


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, членовите на Советот на јавни обвинители и членовите на Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство, вчера одржале работен состанок организиран од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ Компонента 1 на тема – Дисциплински постапки во Јавното обвинителство.


На состанокот бил презентиран извештајот за дисциплинските постапки и се дискутирало за  потребата од измени на Правилникот за начинот на спроведување на постапка за утврдување на одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда.


Учесниците на состанокот, како што соопшти ЈОРСМ, ја истакнале потребата од понатамошно подобрување на постоечката регулатива во спроведување на дисциплинските постапки во согласност со европските стандарди.

дма/нд/Фото: ЈОРМС .


Извор: МИА