Breaking News

Состанок на Управниот комитет на COST – европска програма за соработка во областа на науката и технологијата


Управниот комитет на COST – европската програма за соработка во областа на науката и технологијата денеска во Скопје ќе одржи состанок на кој ќе присуствува и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.


 Министерот Шаќири вчера во МОН имал средба со директорот на COST-програмата, Роналд Де Бруин, на која било истакнато дека учеството на научно-истражувачки работници од Северна Македонија во 67 од вкупно 70 акции во рамки COST-програмата, што се спроведоа во изминатите два месеца, ја прави државата еден од поактивните учесници во оваа програма, меѓу земјите во регионот.


На средбата присуствувале и претставникот на нашата земја во Управниот одбор на оваа програма, проф.

д-р Зоран Поповски, и директорката на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, проф. д-р Гордана Лажетиќ.


COST е најстарата европска програма за наука и технологија, формирана во 1971 година. Северна Македонија е нејзина полноправна членка од 2002 година. хс/вг/Фото: МОН  .

Извор: МИА