Breaking News

СОС Детско село ќе одржи информативна сесија во Свети Николе


Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село во соработка со Министерство за труд и социјална политика и Општина Свети Николе денеска ќе одржи  информативна сесија за потенцијални згрижувачи во Свети Николе, по повод “Денот на згрижувачите“.


Настанот ќе се одржи во салата во зградата на општината во Свети Николе со почеток во 17:30 часот, каде што обраќања ќе имаат градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев и директорката на Центарот за социјална работа Катерина Сенева Конева.


сх/са/Фото: СОС Детско село .

Извор: МИА