Breaking News

„Соработката на локалната самоуправа со Народниот праобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“ – работилница во Штип


„Соработката на локалната самоуправа со Народниот праобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“, е насловена работилницата што денеска ќе се одржи во просториите на Општина Штип.


 Работилницата е во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и е дел од ИПА проектот „Владеење на правото“, а ќе ја отворат, како што е најавено, народниот правобранител Насер Зибери, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на Општината Штип Иван Јорданов.


На темите ќе говорат градоначалниците на Општините Свети Николе, Дејан Владев и на Пробиштип, Драган Анастасов.

За работата на Народниот правобранител, на локално ниво, ќе зборува заменик-народниот правобранител Јован Андоновски, а во дискусијата ќе се вклучат и претставници на невладиниот сектор.


цр/са/Фото:МИА .

Извор: МИА