Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти


Можности за соработка и идна координација меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, беа темите на разговор на денешната средба меѓу двете институции претставени од Јавниот обвинител  Љупчо Коцевски и претседателот на Комитетот Зоран Илиевски.


– Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат, информираат од ЈО.


ир/лв/ Фото: ЈО .

Извор: МИА