Соопштение од КСС за предлог-измените на Законот за работни односи


Светската и Европската конфедерација на синдикати остро се спротивставуваат на предлог измените на Законот за работни односи за 60 часовна работна недела. Она што ние го предупрадувавме како синдикати истото го споменуваат во делот на кршењето на конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои што Македонија ги има ратификувано како меѓународни стандарди и Европски директиви за достоинствена работа. Во реакцијата се споменува истото што и ние го говориме дека прекувремената работа е причинител за повредите на работното место како и за смртните последици кои што во Македонија ги има во голем број.


Исто така се предупредува Владата дека ќе се превземат сите мерки во заштита на работничките права согласно меѓународните стандарди и доколку не се повлече истиот предлог закон за измените на Законот за работни односи ќе бидат превземени мерки во нивните надлежности, ќе бидат известени сите меѓународни фактори каде што партиципираат меѓу кои и Европската комисија каде што се социјален партнер за превземање на соодветни мерки за укажување за грубото кршење на работничките права истите да влезат во извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија но и за сите правни инструменти Македонија да биде санкционирана за грубото кршење на работничките права. КСС бара социјалниот дијалог да се врати во Р. Македонија и целиот овој хаос во делот на непочитување на правата од трудовото право и колективните договори да престане за да се врати достоинството на работникот а со тоа и надежта во економскиот просперитет во државата.