Breaking News

Сообраќајот во прекин за камиони и наизменичен за автомобили на патот Дебар – Маврово


Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Дебар – Маврово кај  Бошков мост, од 15.


30 сообраќајот е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  АМСМ информира и дека од 15.


05 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кој претходно беше во прекин поради густ чад од пожар.

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.


-На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. хс/аа/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА