Breaking News

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.


Од АМСМ информираа дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/Фото: МИА архива .


Извор: МИА