Breaking News

Сообраќајот на магистралниот пат А3 Велес – Штип е нормализиран


Сообраќајот на магистралниот пат А3 Велес – Штип е нормализиран, соопштија од АМСМ, откако од 00.


45 часот сообраќајот на магистралниот пат кај раскрсницата за село Милино, се одвиваше наизменично по една коловозна лента. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.


Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/Фото: МИА архива .

Извор: МИА