Breaking News

Сончево со умерена облачност, во Скопје со слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи.


Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.


Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. Во наредните денови, како што информираа од УХМР, следува период на стабилно време со умерена облачност.

Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамки на просекот за овој период од годината. цр/Фото:МИА архива .


Извор: МИА