Breaking News

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.


Како што соопштија од УХМР, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.


Утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.  Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. бт/ев/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА