Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.


UV=9Во Скопје, како што информираа од УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. И во недела ќе се задржи стабилно и топло време со пониски утрински температури.


Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во деновите потоа ќе има повторно стабилизирање на времето. цр/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА