Breaking News

Сончево и топло, температури до 28 степени


Претежно сончево и топло ќе биде денеска со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 22 до 28 степени.


Во Скопје слично време со минимална температура до 6 и максимална до 28 степени.


Периодот на сончево и топло време се очекува да продолжи и наредните денови, со појава на мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец.

бд/бак/Фото: МИА архива .


Извор: МИА