Breaking News

Сончево и топло, од утре дожд


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.


Минималните температура ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните ќе достигнат од 23 до 29 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност.


Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат 28 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вторник претпладне ќе има зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневните температури.


фф/бак/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА