Breaking News

Сончево и топло, до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.


Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. мч/са/фото: МИА архива .


Извор: МИА