Breaking News

Сончево и топло до 33 степени


– Времето денеска изутрина ќе биде  свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер.


Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.

До четврток ќе се задржи стабилно време, а од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. вј/лв/Фото: МИА архива .


Извор: МИА