Breaking News

Сончево и топло, до 30 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност.


Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според УХМР, до почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.


Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер.

Температурите од среда ќе бидат во опаѓање. мч/ев/фото: МИА архива .


Извор: МИА