Breaking News

Сончево и релативно топло


– Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло, а по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува.


Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 18 степени Целзиусови.


Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ќе биде тивко, а попладне маглата ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време.


По котлините ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. вј/нд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА