Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. мч/дма/фото: МИА архива .
Извор: МИА