Breaking News

Сончево и многу топло време со температури до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.


УВ индексот ќе биде 9.  Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.


Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град.

Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. аа/Фото: МИА архива .


Извор: МИА