Breaking News

Собранието треба да ја продолжи 117. пленарна седница


Во Собранието денеска треба да продолжи 117. пленарна седница.


 Пратениците ќе треба да се изјаснат за Предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за избор на претседател и членови на Комисијата за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, како и за Предлог-одлуката за објавување оглас за именување на претседател и членови на Комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.


На дневен ред на седницата се и Предлогот за избор на член на Советот на јавни обвинители, како и Дополнетиот предлог закон за вештачење и Предлог законот за парнична постапка, двата во второ читање.

 Во рамки на 117.


седница треба да бидат разледани и Предлог-измените на Законот за финансиски друштва, Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог измените на Законот за пасишта, како и уште неколку предлог законски решенија во прво читање и по скратена постапка.

бак/вг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА