Собранието ќе го одржи продолжението на 135-та седница


Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 135-та седница.


На дневен ред на оваа седница се Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, по скратена постапка, Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка, Предлог на законот за воздухопловство – второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.


Во прво читање во рамки на оваа седница се Предлог на законот за вработените во Министерството за одбрана, Предлог на законот за помилување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител.

На ова седница се неколку предлог-одлуки за изменување и избор на членови на неколку институции – Предлог за именување член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Предлог на одлуката за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог на одлуката за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Предлог на одлуката за именување на член на Комисијата на Агенцијата за пошти.


 Пратениците ќе разгледуваат и финансиски планови на неколку институции за 2024 година. фф/aa/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА