Breaking News

Собранието го утврди дневниот ред на 129. седница


Собранието денеска го усвои дневниот ред на 129. седница и продолжи со работа по точките од 74. и 126. седница.


За точките од 129 седница ќе се дебатира откако ќе се обезбедат услови согласно со измените и дополнувањата во дневниот ред.


 Дел од дневниот ред на 129 седница не е Предлог законот за амнестија што го предложи министерот за правда Кренар Лога,  откако „против“ да се донесе по скратена постапка гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.

 Не беше ставен на гласање и Предлогот на Левица во Собранието да се донесе декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на изралската окупација, бидејќи, како што образложи Џафери, материјалот според процедурата е поднесен денеска за превод и не е поделен до пратениците.


На предлог на пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ  од дневниот ред беше повлечена 20.

точка, Предлог за огласување на избор на член на Државната изборна комисија на предлог на Комисијата за избори и именувања, затоа што, како што образложи, Предлог одлуката за објавување оглас за избор на член на ДИК е веќе предложена од пратеници.


лв/нд/фото: МИА архива    .

Извор: МИА