Breaking News

Со помош на 11 илјади полицајци, повторно преземена контролата врз озлогласен затвор во Венецуела


Венецуелските власти ја вратија контролата врз најпознатиот венецуелски затвор Токорон, кој беше целосно под контрола на криминалци. Околу 11.


000 полицајци и десетици оклопни возила беа распоредени за да ја вратат контролата врз затворот Токорон. Затворот сега е целосно испразнет, ​​а околу 2. 500 затвореници се префрлени во други затвори.


Затворот беше контролиран од бандата Трен де Арагава, која, освен во Венецуела, дејствува во најмалку осум други земји од Латинска Америка.

Според истрагата спроведена од венецуелската новинарка Рона Рискез, до сега полицијата следела однадвор, а управата на затворот беше во рацете на банда која изнудувала затвореници, но и нуди необични услуги – базен, зоолошка градина, обложување, сали и спортски терени.


Во соопштението за печатот, владата на Венецуела ја поздрави „успешната“ операција и „апсолутната контрола над затворот Токорон“.

Полицијата упадна во затворот околу 7 часот, фрлајќи „гранати“ и пукајќи. Операцијата траела дваесетина минути. Неколку затвореници ја искористиле situacijata за да избегаат, според полициски извор.


Не се знае судбината на водачот на бандата Хектор Гереро Флорес, познат како „Нињо Гереро“ (дете воин), кој издржуваше 17-годишна затворска казна за убиство и трговија со дрога.

Десетици роднини кои живееја во затворот со осудените затвореници се собраа пред затворот и ги чекаат најновите вести. – Чекам да слушнам каде го носат мојот сопруг. . .


Живеев таму, но нè избркаа, изјави Гледис Хернандез. Медиумите известуваат декако полицајците од затворот извадиле мотори, телевизори, клима уреди и микробранови печки.

Бандата Трен де Арагва, која наводно има околу 5. 000 криминалци, се појави во 2014 година и се занимава со „класичен“ мафијашки бизнис: киднапирања, грабежи, дрога, проституција, изнуда.

Истражувачкиот центар InSight Crime тврди дека групата е вклучена и во шверц на мигранти, а своето влијание го проширила и на други активности, некои легални, но и на перење злато и илегално ископување.

ссм/фото: Јутјуб принтскрин.   .

Извор: МИА