Breaking News

Со меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето одбележан Светскиот ден на  опустинувањето и сушите


Во Скопје денеска се одржа меѓурегионална тематска работилница, посветена на 17 Јуни – Денот на опустинувањето и сушите (ДДД), во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) и Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето (УНЦЦД).


Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, глобалниот фокус за одбележување на овој ден во 2023 година е на правата на жените на земјиштето, што е од суштинско значење за постигнување на меѓусебно поврзаните глобални цели за родова еднаквост и неутралност за деградација на земјиштето до 2030 година, како и придонес за унапредување на другите цели за одржлив развој.


Министерката за животна средина и просотрно планирање Каја Шукова во поздравното обраќање потенцираше дела инвестирањето во еднаков пристап на жените до земјиштето и поврзаните средства е директна инвестиција во нивната иднина и иднината на човештвото.

– Решавањето на родовите димензии на деградацијата на земјиштето бара признавање и промовирање на правата на жените на земјиште, обезбедување еднаков пристап до ресурсите и вклучување на жените во процесите на донесување одлуки поврзани со управувањето со земјиштето и напорите за обнова.


Зајакнувањето на жените и обезбедувањето нивно активно учество може да доведе до поодржливи и правични решенија за борба против деградацијата на земјиштето и постигнување одржливост на животната средина, истакна Шукова.

На настанот е обратија и извршниот секретар на УНЦЦД, Ибрахим Тиав, региононалниот офицер за Централна и Источна Европа на УНЦЦД, Надежда Дементиева, регионалниот офицер за Северен Медитеаран Мустафа Абдулах Иуртоглу и координаторката за проекти за Западен Балкан на УНЕП Искра Стојанова.


Презентацијата на учесниците беше проследена со тематска конференција „Зајакнати жени за одржливо управување со земјиштето“ во согласност со темата на ДДД „Нејзина земја. Нејзини права“.

Присутните разменија ставови и искуства за акутните прашања поврзани со сопственоста на земјиштето, родовата еднаквост, пристапот на девојките и жените до подобрено знаење и технологии, улогата на жените во процесите на донесување одлуки за прашањата поврзани со земјиштето.


По презентациите се отвори дискусија за прашањата за деградација на земјиштето и сушите, за постигнатиот напредок и за постојаните предизвици за постигнување неутралност за деградација на земјиштето во регионите на Централна и Источна Европа и Северен Медитеран.

Исто така, се споделија ставови за можностите за активирање на агендата за обновување на земјиштето како економично и ветувачко решение за сите: владите, бизнисите, граѓанско општество.

Како што посочуваат од МЖСПП, македонскиот тим ги презентираше резултатите од ГЕФ/УНЕП проектите во Северна Македонија, особено тековните активности на  ГЕФ 6 проектот, чија цел е обновување на деградираното земјиште и унапредување на практиките за одржливо управување со земјиштето.

фф/сп/Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање .

Извор: МИА