Снег на превоите Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.


Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.


Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. лв/ .


Извор: МИА