Breaking News

Сменетиот претседател на Нигер се обиде да побегне од домашен притвор


Воената хунта во Нигер објави дека го спречила обидот на сменетиот претседател Мохамед Базум да избега од притвор.


Портпаролот на Армијата изјави дека Базум се обидел да избега во текот на ноќта со семејството, готвачите и обезбедувањето, пренесува Би-Би-Си.


-Имаше планови групата да одлета со хеликоптери, но планот беше спречен, рече тој, додавајќи дека „главните актери и некои од соучесниците“ се уапсени.

Базум е во домашен притвор откако членовите на неговата претседателска гарда извршија државен удар на крајот на јули и ја презедоа власта во земјата. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА