Breaking News

Словачка и Украина се договорија за трговски систем за жито


Министрите за земјоделство на Словачка и на Украина се согласија да воспостават систем за лиценцирање за трговија со житарки, што ќе овозможи укинување на забраната за увоз на четири украински стоки во Словачка штом системот ќе биде воспоставен, соопшти денеска словачкото Министерство за земјоделство.


Украина, исто така, се согласи да ја прекине жалбата за забраната за увоз што ја поднесе против Словачка до Светската трговска организација (СТО), соопшти словачкото министерство во соопштението.


мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА