Следните денови променливо облачно, од недела услови за слаб снег и пониски температури


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.


Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.


Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање. сст/ев/ .

Извор: МИА