Breaking News

Скоро половина милион Израелци мораа да бидат евакуирани поради воените дејствија


Речиси 500 илјади Израелци се раселени во нивната земја по нападите на Хамас на 7 октомври, соопшти на прес-конференција портпаролот на израелската армија.


-Околу половина милион Израелци се раселени во границите на Израел. Според владините директиви, го евакуиравме целиот јужен Израел, сите населени места во близина на Појасот Газа. . .


Истото го направивме и на север, каде што беа евакуирани 20 населби во близина на границата со Либан, рече портпаролот. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА