Breaking News

Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања


Водата во Скопје е добра за пиење, покажуваат резултатите од најновиот извештај на скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“.


Претпријатието попладнево го објави извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализи спроведени во Секторот за санитарна контрола.


Од 20 до 23 мај, Секторот за санитарна контрола зел 156 примероци за физичко-хемиска и уште толку за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во градот.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – Службен весник на РМ, број 183/18, се посочува во денешното соопштение.


бд/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА