Breaking News

Синдикатот на „Еуроникел индустри“ со отворено писмо до сопствениците и раководството 


Синдикатот на „Еуроникел индустри“ денеска со отворено писмо се обрати до сопствениците и раководството на фабриката во Кавадарци.


Од синдикалната организација велат дека компанијата е доведена до питачки стап.


– Има ли некој одговорен да ги сослуша поплаките и маките на вработените? Каде се крие и каде е избеган директорот? Не дадовте одговор, ниту устен, ниту писмен, никаков допис дека не планирате да работите.

Цело време, цели шест месеци не лажете дека фабриката ќе работи и нашите работни места се загарантирани и за тоа имаме докази и записници од состаноци потпишани од директорот.


Не дадовте никаков одговор дали ја продавате фабриката или се шпекулации. Како Синдикат, што да им пренесеме на вработените? Ги извисивте луѓето, се најдоа во небрано со оваа ситуација.

Што ви е планот со фабриката, а најповеќе со вработените? Дали има барем малку човечност во вашите души?, прашуваат од Синдикатот.


 Не се работи за еден или двајца работници, се вели во писмото, туку за 800 семејства оставени на милост и немилост.

– Имаме сознание дека има заинтересиран купец што ќе им испадне во пресрет на вработените.


Па ако има барем малку човечност и хуманост треба да излезете во пресрет на вработените, да не останат на улица, пишува во писмото потпишано од претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев.

 Се нагласува дека, како што се наведува, биле лажени дека се прави се фабриката да продолжи со работа, да се зголеми производството, да се зачуваат работните места. свд/мд/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА