Breaking News

Шукова на завршен настан за промоција на проектот за изградба на пречистителна станица Гевгелија


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска ќе присуствува на завршниот настан за промоција на проектот за изградба на пречистителна станица во Општина Гевгелија.


Како што информираат од МЖСПП, настанот почнува со посета на пречистителната станица за отпадни води и увид на реализираните активности од последната фаза на проектот: чистење и затварање на дивата депонија и изградба на фотоволтаичната централа за потребите на пречистителната станица.


 Потоа, како што посочуваат од Министерството, во Народниот театар во Гевгелија обраќања ќе имаат министерката Шукова, амбасадорката на Швајцарија  Вероник Улман, амбасадорката на Грција Софија Филипиду и градоначаникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов.

фф/нд/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА