Breaking News

Што претставува палестинското движење Хамас


  Палестинското движење Хамас изврши ненадеен напад врз Израел во една од најсериозните ескалации во израелско-палестинскиот конфликт во последните неколку години.


Што е Хамас?- Хамас, или Движењето на исламскиот отпор, е основано во 1987 година за време на првата палестинска интифада.


Ја има поддршката од шиитскиот Иран, кој ја дели истата идеологија со Муслиманското братство, кое беше основано во Египет во 20-тите години од минатиот век.

– Хамас владее со Појасот Газа од 2007 година, по кратката војна со силите лојални на движењето Фатах, предводени од палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е сместен на Западниот Брег, а исто така ја предводи Организацијата за ослободување на Палестина.


На преземањето на власта во Појасот Газа му претходеше победата на Хамас на палестинските парламентарни избори во 2006 година.

Хамас го обвини Махмуд Абас за заговор против движењето, а Абас го опиша доаѓањето на Хамас на власт во Појасот Газа како државен удар.


Оттогаш, имаше многу судири со Израел, при што Хамас истрела ракети од Појасот Газа на израелска територија, а Израел возврати со воздушни напади врз Појасот Газа.

– Хамас не ја признава државата Израел и се противи на Договорот од Осло меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација, постигнат во средината на 1990-те.


– Вооруженото крило на Хамас испраќа вооружени напаѓачи и бомбаши самоубијци на израелска територија.

Движењето ја карактеризира активноста на своето вооружено крило како „отпор против израелската окупација“.

– Хамас е наведен како терористичка организација на Израел, САД, Европската унија, Канада, Египет и Јапонија.

– Хамас е дел од регионалната алијанса во која се вклучени и Иран, Сирија и шиитското движење „Хезболах“ во Либан.

– Иако е со седиште во Појасот Газа, движењето Хамас има симпатизери низ палестинските територии, а неговите лидери се наоѓаат на различни локации низ Блискиот Исток. зш/ .

Извор: МИА